Ѓоковиќ: Кирјос не сака да плати вечера, затоа загуби

Новак Ѓоковиќ дојде до седмата титула на престижниот Вимблдон. Тој во финалето го совлада Ник Кирјос со 3-1, и така дојде до трофејот.

Двајцата се пошегуваа пред мечот дека кој ќе победи во финалето, ќе чести вечера.

„Ник, ќе се вратиш. Не само на Вимблдон, туку и во некое друго грен слем финале. Знам дека е тешко да се најдат зборови на утеха, но покажа зошто си еден од најдобар на светот. Сигурно имаш уште многу да покажеш“, рече Ѓоковиќ и потоа го потсетија на изјавата за вечерата. 

„Затоа загуби. Не знам дали тоа ќе го направиме вечерва или понатаму. Но, ова е почеток на едно пријателство меѓу нас“, изјави Шоковиќ. 

Се вчитува...