Ѓоковиќ лесно против Шаповалов до осминафинале во Шангај

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми стигна до осминафиналето на Мастерсот во Шангај, откако во второто коло го совлада Канаѓанецот, Денис Шаповалов со 2-0 по сетови (6-3 и 6-3).

Во првиот сет само еден брејк беше доволен за негово освојување, додека во вториот Србинот два пати го брејкна Канаѓанецот за конечна победа и пласман во следното коло каде за противник ќе го има, Американецот Џон Иснер кој утрово беше подобар од Французинот Лука Пуј со 2-0 (7-5 и 6-3).

Денеска, во осминафиналето пласман обезбедија и Александар Зверев, Карен Хачанов, Баутиста Агут и Стефанос Циципас.

Се вчитува...