Ѓоковиќ: Лошата форма се темели на болест, се надевам ќе бидам подобро

Новак Ѓоковиќ беше поразен во финалето од Србија Опен од страна на рускиот тенисер Андреј Рубљов со 2-1. Откако Русинот лесно стигна до предност во првиот сет, Србинот се намачи да изедначи во вториот, но немаше сили за одлучувачкиот сет кој неговиот противник го доби со 6-0.

По натпреварот „рекетот број еден“ ја коментираше својата форма на турнирот, а се осврна и кон Монте Карло каде повторно физички потфрли. На што се должи истото? Србинот смета дека е болест…

„Мило ми е што успеав да победам три меча, тоа ќе ми значи за продолжението од сезоната. На крајот на вториот и третиот сет се чувствував како во Монте Карло, да бидам искрен. Не знам дали е тоа до болеста која ја имав пред неколку недели. Се надевам дека до Париз ќе бидам подготвен да играм на три добиени сета. Пред Монте Карло никогаш не сум се чувствувал така. Затоа и мислам дека има врска со болеста. Беше тешко и рехабилитацијата трае повеќе отколку што очекував“, изјави Ѓоковиќ кој потоа продолжи за болеста:

„Немав Ковид, но не сакам да влегувам во детали, не е неопходно. Значајно ми влијаеше на метаболизот неколку недели. Сепак гледам позитивно, следи најдоброто, но и ме грижи тоа што така се чувствувам на теренот. Се надевам дека ќе бидам подобро“.

Се вчитува...