Ѓоковиќ не доби дозвола за влез во САД, но Бајден може сето тоа да го промени

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ како што стојат работите во моментов нема да може да се натпреварува на пролетните турнири во САД. Српскиот тенисер побара од американските власти посебно изземање од правилата за вакцинација против коронавирусот, за да може во наредниот период да се појави на турнирите во Индијан Велс и Мајами, но засега тој нема дозвола за такво нешто.

Новак има поддршка од УС Опен и Тениската асоцијација на САД, но и покрај ова, неговото учество во Америка е под знак прашалник. Како што откри на својот Твитер профил сенаторот од Флорида, Рик Скот, државната безбедност го одбила барањето на српскиот тенисер.

Сега Новак има само една опција – да биде „помилуван“ од американскиот претседател Џозеф Бајден и по неговата интервенција да добие можност да отпатува во САД. Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ не може да влезе во САД затоа што на неамерикански државјани кои не се вакцинирани против корона вирусот не им е дозволен влез во оваа земја.

Забраната официјално ќе биде укината на 11 мај, но турнирите ќе се играат во март.

Се вчитува...