Ѓоковиќ не запира: А сега… по пехарот во Шангај

Новак Ѓоковиќ на импресивен начин стигна до шестата титула на турнирот во Пекинг, српскиот ветеран покажа дека се уште може да ги победува сериозните ривали откако на патот до трофејот ги елиминираше Зверев, Медведев и Де Минор.

За Ѓоковиќ оваа голема победа значи и враќање на самодовербата, па Србинот не крие дека сега со зголемени амбиции патува на наредниот турнир, Мастерсот во Шангај.

„Што се следно? Шангај, одам таму да се обидам да го кренам пехарот. Таму патувам, едвај чекам да заиграм, се надевам дека ќе успеам да ја продолжам победничката серија што ја имам во Кина“, истакна Ѓоковиќ.

Тој во кариерата има четири титули на мастерс-турнирот во Шангај, но последната ја освои во 2018 кога во финалето беше подобар од Борна Чориќ. Последното финале го играше во 2024, кога беше поразен од Јаник Синер.

Се вчитува...