Ѓоковиќ облече мантил, и се впушти во една нова улога… (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ не доби дозвола од американските власти за влез во земјата, па нема да може да игра на турнирите во Индијан Велс и во Мајами. Па, сега слободното време го користи за некои други активности, привремено одложувајќи го рекетот покажувајќи се во една нова улога – изработка на часовници!

Српскиот тенисер беше во посета на својот спонзор, компанијата за часовници „Ибло“ (“Hublot”) па приреди вистинско шоу. Облече мантил и покажа нови вештини. Не му одеше така добро како не теренот, но на крајот успеа.

„Не успеав да наместам, немам потребна опрема. Да притиснам? Блиску сум“ – се шегуваше Новак додека ја одработуваше својата задача…

Се вчитува...