Ѓоковиќ останува на слобода, судењето продолжува во сабота

Се уште нема крај на сапуницата околу престојот на Новак Ѓоковиќ во Австралија. Откако министерот за имиграција Алекс Хок денеска ја поништи визата на Новак Ѓоковиќ, Србинот заедно со неговиот адвокатски тим повторно поднесе жалба до судот.

На новото сослушување обвинителството бара тој да биде депортиран, додека неговиот тим дава се што е во негова моќ да остане на слобода.

Судењето кое почна денеска во 10.30 часот по средноевропско време е прекинато и ќе продолжи утре. За сега Новак останува на слобода барем до сабота до 22 часот по австралиско време, кога ќе се дознае дали ќе биде префрлен повторно во хотелот „Палас“ каде што ќе мора да ја дочека пресудата, а во меѓу време нема да може да тренира и да се подготвува за настап на турнирот во Мелбурн.

Конечната пресуда најверојатно ќе биде донесена до недела по австралиско време, бидејќи ако го добие случајот Ѓоковиќ веќе во понеделник треба да се најде на терените во „Мелбурн парк“ каде ќе го игра натпреварот од првото коло против сонародникот Миомир Кецмановиќ.

Се вчитува...