Ѓоковиќ поднесе молба за влез во САД

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ поднел документација и побарал специјална дозвола за влез во Соединетите Американски Држави.

Оваа информација во интервју за српската информативна агнеција „Танјуг“ ја пренесе неговиот брат Ѓорѓе Ѓоковиќ.

„Тоа е нешто што за жал не е во наши раце, Новак мора да добие посебна дозвола, со оглед на тоа што САД сè уште не дозволуваат влез на невакцинирани луѓе, што е едноставно неверојатно бидејќи целиот свет е отворен, а спортските настани ширум светот се одржани со вакцинирани и невакцинирани спортисти“, рече Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Новак ја достави целата потребна документација, апликација, а директорите на турнирите во Индијан Велс и Мајами јавно изјавија дека им треба на тие турнири и дека сакаат да дојде.

Се вчитува...