Ѓоковиќ пред депортација, Австралија повторно му ја укина визата на Србинот

Австралиската влада по вторпат му ја укина визата на првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, кој повторно се соочува со депортација.

Министерот за имирграција Алекс Хок се огласи пет дена откако федералниот суд во Мелбурн ја поништи одлуката да му се укине визата на Ѓоковиќ, при што му беше дозволено да излезе од имиграцискиот притвор и да тренира.

„Ги искористив моите овластувања да ја укинам визата на Новак Ѓоковиќ, што е во здравствен и јавен интерес на земјата. Владата на Скот Морисон е силно посветена кон заштитата на границите на Австралија, особено во врска со пандемијата на ковид-19“, вели министерот за имиграција Алекс Хок.

Сепак, Србинот уште еднаш ќе може поднесе молба на суд, во обид да остане во земјата и да игра на Австралија опен, турнирот кој почнува во понеделник. Доколку ја загуби жалбата Ѓоковиќ може да се соочи и со тригодишна забрана за влез во Австралија. адвокатите на Ѓоковиќ ќе имаат екстремно тешка задача да се изборат за судски наредби преку викендот со цел тој да може да игра следната недела.

Се вчитува...