Ѓоковиќ преку Фриц до ново финале на АТП завршниот турнир

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на АТП завршниот турнир во Торино, откако во полуфиналето славеше над Тејлор Фриц од Соединетите Американски Држави со 2-0, по сетови 7-6 и 7-6.

Во првиот сет прв до брејк стигна Србинот, но Американецот веднаш возврати (3-3), па се се решаваше во тај-брејкот. Таму за нијанса подобар беше Ѓоковиќ кој успеа да поведе со 1-0.

Вториот сет подобро го отвори Американецот и се до 5-4 имаше предност од брејк. Србинот успеа да се врати во игра и вториот сет да го одведе во тај-брејк, каде повторно до израз дојде искуството на Ѓоковиќ за конечен триумф од 7-6.

Второто полуфинале ќе се игра вечерва од 21 часот, а во него ќе се сретнат Норвежанецот, Каспер Руд и Русинот Андреј Рубљов.

Се вчитува...