Ѓоковиќ продолжува да пишува историја: Србинот ја започна 367. седмица на врвот на АТП

Новак Ѓоковиќ загуби во финалето на АТП турнирот во Белград, меѓутоа ја зголеми предноста на врвот на ранкингот од АТП листата.

Ѓоковиќ сега има 320 бодови повеќе од Данил Медведев на втората позиција, кому му се заканува Александар Зверев од третото место.

Зад нив на ранкингот доаѓа Рафаел Надал, кој се очекува да собере поени на турнирите на земјена подлога, па следат Циципас, Беретини, Руд и Рубљев. Во ТОП 10 се проби Карлос Алкараз и тоа на деветтата позиција, оставајќи го зад себе Оже-Алијасим.

Се вчитува...