Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека со нетрпение го очекува почетокот на АТП 500 турнирот во Дубаи, и дека секогаш со задоволство доаѓа да игра во тој град.
Светскиот рекет број еден ќе се врати на теренот по освојувањето на титулата на Австралија опен, 10. на тој гранд-слем. Новак имаше големи проблеми со повреда на патот до трофејот, но вели дека сега е целосно подготвен и дека оди да го освои секој турнир на кој учествува.
„Мојот менталитет е дека секогаш се трудам да бидам подобар, да го подобрувам секој аспект од мојата игра. Таквото размислување ме тера мене и мојот тим да се стремиме да бидеме секогаш подобри и да го освојуваме секој турнир на кој учествуваме. Победите во оваа животна доба ми значат многу повеќе од порано, а успесите го збогатуваат моето искуство кое потоа го користам пред секој следен предизвик, следниот турнир на кој учествувам. Важно е физички да се чувствувам одлично, се уште го сакам тенисот и да се справувам со предизвици на и надвор од теренот“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ својот напад на титулата во Дубаи ќе го почне против чешкиот квалификант Махач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА