Ѓоковиќ: Сакам да одам во САД, но тоа не зависи од мене

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по победата на Австралија опен и пред сомнителното продолжение на сезоната во САД им се обрати на новинарите во Белград.

Како што вели ситуацијата со повредата е многу подобра и ќе настапи на турнирот во Дубаи, а околу ситуацијата со патувањето во САД вели дека не е во негови раце.

„Што се однесува до мојата ситуација со повреда, се уште не сум најдобро. Работите изгледаат многу добро и охрабрувачки, донесовме одлука да одиме во Дубаи. Амбициите се највисоки на секој турнир, а за плановите потоа, не знам. Зависи од ситуацијата со Америка, не зависи од мене, не е во мои раце. Процесот е во тек, само тоа знам. Велам, тоа се работи и настани целосно надвор од моја контрола. Секако дека би сакал да играм, мило ми е што ја имам поддршката од директорите на турнирите во Мајами и Индијан Велс“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...