Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ потешко од очекуваното го стартуваше нападот на титулата на АТП мастерсот од серијата 500 кој се игра во Дубаи. Во првото коло Ѓоковиќ беше подобар од чешкиот квалификант Томаш Махач со 2-1 по сетови 6-3, 3-6 и 7-6.
Првиот рекет во светот одлично го стартуваше мечо и без поголеми проблеми го доби првиот сет со 6-3. Во вториот сет Чехот возврати на ист начин и го донесе натпреварот во решавачкиот трет сет. Ѓоковиќ прв стигна до брејк во одлучувачкиот сет, но Чехот се врати во игра (4-4), а натпреварот стигна до одлучувачкиот тај-брејк. Таму Ѓоковиќ без проблеми славеше за нова победа сезонава. За противник во втората рунда тој ќе го има Холанѓанецот, Талон Грикспор.
Во второто коло без проблеми се пласираше и Данил Медведев кој со максимални 2-0 (6-4 и 6-2) беше подобар од Италијанецот Матео Арналди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА