Ѓоковиќ се огласи по повод разделбата со Вајда – „Марош секогаш ќе биде дел од моето семејство“

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ вчера објави дека се разделува со својот тренер Марјан Вајда.

Словакот беше дел од сите најголеми успеси на Србинот и освојувањето на 20 гранд-слем титули, а единствениот период во кој беше надвор од тимот на Ѓоковиќ, тој ги имаше најтешките моменти во кариерата.

По разделбата се огласи и Ѓоковиќ кој напиша дека Вајда секогаш ќе биде дел од неговото семејство.

„Марјан со мене беше во текот на најважните и незаборавни моменти во кариерата. Заедно постигнавме некои неверојатни работи и многу сум му благодарен на неговото пријателство и посветеност во последните 15 години. Иако го напушта мојот тренерски тим, Марош секогаш ќе биде дел од моето семејство и не можам доволно да му се заблагодарам за се што направи за мене“, напиша Ѓоковиќ. 

 

Се вчитува...