Ѓоковиќ се откажа од луѓето со кои победуваше, две години не слуша никого

Поранешниот српски селектор на Дејвис-куп репрезентацијата, Богдан Обрадовиќ, жестоко го критикуваше Новак Ѓоковиќ за изборот на соработници во изминатиот период. Според Обрадовиќ, токму тоа е главната причина поради која Новак има огромен резултатски пад, а почна да се мачи и со повреди.

„Јас сум крај Новак од времето кога го тренираше сега покојната Јелена Генчиќ. Знам како се развиваше и знам зошто му се случува ова што му се случува. Тој направи една голема грешка – се откажа од луѓето со кои победуваше. Па што може Андре Агаси да му каже за да го направи Ѓоковиќ подобар тенисер. Секоја чест за Андре како играч, но не треба да си стручњак за да забележиш дека резултатите на Ноле почнаа да паѓаат по почетокот на нивната соработка. Па кој е тој Жарко Илиќ Дамар, некој реики учител што гледа по кањони со него. Новак е православец, не мооже да ја прифати реики религијата. За Пепе Имаз не сакам ни да говорам. Проблемот на Ѓоковиќ е што тој две години не слуша никого, јас искрено му посакувам се најдобро, но за тоа да се случи тој ќе мора да им се врати на луѓето кои му мислат добро и кои знаат како да му помогнат“ – порача Обрадовиќ.

На потег е Ѓоковиќ, кој во минатата седмица ја прекина соработката со Андре Агаси и Радек Штепанек, па останува да се види дали ќе се врати на тренерите ссо кои ги имаше најдобрите резултати во својата кариера.

Се вчитува...