Ѓоковиќ се пласира во финалето во Квинс

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со полуфиналната победа над Џереми Шарди од 2-0 во сетови (7-6, 6-4) стигна до 800. успех во кариерата и се пласира во финале по 11 месеци. Некогашниот прв светски рекет стана само десеттиот тенисер во последните 50 години кој дојде до вакво остварување. Во битката за трофејот, Ѓоковиќ ќе се сретне со Хрватот, Марин Чилиќ.

Во првиот сет се водеше израмнета борба, а Ѓоковиќ славеше во тај-брејк, на поени со 7-5. Во вториот сет Србинот успеа да одземе еден сервис на противникот што беше доволно за конечен триумф.

Марин Чилиќ за место во финалето забележа тесен триумф против Ник Киргијос, добивајќи ги двата сета во тај-брејк.

Се вчитува...