Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето во Париз

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на Мастерс турнирот во Париз, откако во осминафиналната пресметка славеше во два сета против Кајл Едмунд.

Во првиот сет Ѓоковиќ победи во тај брејкот, со 9-7, додека во вториот одигра одлично добивајќи го сетот со 6-1. Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Циципас кој со 6-3 и 6-4 го победи Де Минаур.
Во четвртфиналето се пласираше и Димитров кој го совлада Тим со 6-3, 6-2, додека Гарин го победи Шарди со 2-1 во сетови (6-7, 6-4, 7-6).

Се вчитува...