Не почна годината на најдобар начин за Новак Ѓоковиќ откако му беше забранет настапот на Австралија Опен поради одбивање да се вакцинира против коронавирусот.
Сепак, неодамна го освои Вимблдон и покажа дека е во одлична форма, а следен предизвик за него е УС-Опен. Настапот на УС-Опен, сепак, се уште е под знак прашалник затоа што во САД е закон на сила како и во Австралија кога се во прашање невакцинираните лица.
На Ѓоковиќ во моментов му е забранет настап во САД, но како што вели максимално се подготвува и се надева дека ќе добие дозвола за настап во Њујорк.
„Огромна е честа за мене што толкав број лица ја поддржуваат мојата кариера и сакаат да ме видат повторно на терените ширум светот. Продолжувам да се подготвувам и да тренирам, а го очекувам одговорот дали постои било каква можност да патувам во Америка. Би благодарам, и држете ми среќа“ – порача Ѓоковиќ преку Твитер-порака.
Želim samo da iskoristim priliku da podelim sa vama koliko mi znači vaša podrška i ljubav koju mi šaljete ovih dana.
Nisam je očekivao u tolikom broju i zato je moja zahvalnost i veća! Stvarno od srca veliko HVALA. 🙏🏼❤️
— Novak Djokovic (@DjokerNole) July 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА