Новак Ѓоковиќ со победата во два сета против Каспер Руд шести пат во кариерата го освои завршниот турнир на осумте најдобри тенисери во светот. На тој начин се израмни со Роџер Федерер на првото место по бројот на трофеи на овој престижен турнир. А, во неговиот успех уживаше и Златан Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ по мечот го пречека Ѓоковиќ на пат кон соблекувалната, сето тоа одбележано и од камерите на АТП кои ја снимија пријателската средба на двајцата спортски великани:
„Каде си лаве?“ – го поздрави Ибрахимовиќ српскиот тенисер на што веднаш доби: „Каде си брате?“….
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА