Ѓоковиќ славеше против Нишикори на стартот во Мадрид

Новак Ѓоковиќ имаше тешка задача на стартот од Мастерсот во Мадрид соочувајќи се со Јапонецот Кеи Нишикори, но успеа да слави во два сета со 7-5,6-4.

Првиот сет донесе голема борба во кој српскиот тенисер имаше можност да слави уште во 10-от гем, но пропушти две брејк топки. Сепак, успеа до брејк во 12-от гем за освојување на сетот со 7-5. Нешто слична израмнета игра имаше и во вториот сет во кој Ѓоковиќ дојде до брејк во десеттиот гем па за нешто повеќе од два часа игра го реши мечот во своја корист.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Медведев и Едмунд.

 

 

Се вчитува...