Ѓоковиќ со фраерска изјава по титулата – Данил знам дека сигурно ќе освоиш титула, но ако сакаш да почекаш две три години

Новак Ѓоковиќ стигна до деветтата титула на Австралија опен, откако во големото финале славеше над Русинот, Данил Медведев. По натпреварот Медведев имаше само пофални зборови за првиот рекет во светот, велејќи дека тој секогаш бил тука за него, дури и кога бил анонимус, на што Ѓоковиќ му возврати дека сигурен е дека еден ден и тој ќе освојува грандслем титули, само ако може да почека две три години.

„Некогаш поминувавме повеќе време заедно. Повеќе трениравме во Монако. Сега веќе не ми се јавуваш така често. Се шалам, ти благодарам Данил за убавите зборови. Знам дека еден ден ќе освоиш грандслам титули, но ако може да се стрпиш две три години, да завршам кариера“, изјави Ѓоковиќ по освојувањето на титулата. 

Се вчитува...