Ѓоковиќ со ист рецепт во Белград: Сет предност за ривалот, па пресврт и победа на Новак

Новак Ѓоковиќ е на само еден чекор до освојување на трофејот на турнирот во Белград откако првиот светски рекет славеше во полуфиналната пресметка против Русинот Хачанов со 2-1 во сетови. Идентично како и на претходните два дуели на овој турнир, Новак се мачеше да влезе во ритам, го загуби првиот сет, но потоа доминираше во остатокот од мечот и со пресврт стигна до победата.

Хачанов делуваше доминантно во првите триесетина минути, па рускиот тенисер заслужено славеше со 6-4 во почетниот сет. Новак бодрен од белградската публика успеа да се врати во голем стил, најпрвин славеше со 6-1 во вториот, а потоа веднаш стигна до брејк и во решавачкиот сет, на крајот триумфирајќи со конечни 6-2.

Ривал на најдобриот светски тенисер во финалето ќе биде подобриот од втората полуфинална пресметка во која ќе се сретнат Фоњини и Рублев.

Се вчитува...