Новак Ѓоковиќ на 37-годишна возраст стигна до своето прво олимписко финале, откако успеа да триумфира со 2-0 над Мусети и да си осигура најмалку сребрен медал во Париз.
За Новак ова се петти ОИ, на досегашните четири има освоено само еден медал – бронза во Пекинг во 2008 година, но најдобриот тенисер на сите времиња не крие дека не се задоволува само со пласманот во финалето, туку ќе стори се за да се закити со златно одличје по неделното финале.
„Тешко е да се сумираат емоциите, петти Олимписки игри, а за првпат ми успеа да го минам полуфиналето. Нема да застанам, секако дека не се задоволувам само со пласман, одам по злато. Медалот е обезбеден, треба да прославам, се надевам дека ги израдував навивачите во Србија и дека ќе прикажам добра игра во финалето“, порача Ѓоковиќ веднаш по труимфот над Мусети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА