Ѓоковиќ со „закана“ до ривалите: Имам само една цел оваа сезона, освојување на Ролан Гарос!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ се враќа на терените и ќе се појави на турнирот во Монте Карло. По пауза од речиси два месеци најдобриот играч на денешницата одново ќе заигра тенис.

Во пресрет на натпреварите во кнежевството, Србинот ги откри амбициите за претстојниот период.

„Со нетрпение очекувам повторно да се појавам на теренот, се надевам дека нема да останам на шест натпревари во последните шест месеци. Сакам да се натпреварувам, јасно ми е дека ќе ми треба малку време, а Ролан Гарос е главната цел. Гледајќи ги резултатите, тоа не е подлогата на која сум најуспешен, иако сум имал голем успех. Освојувањето на Ролан Гарос минатата година е најсвежото сеќавање, а турнирот во Париз ќе ми биде најважен оваа сезона и најголема инспирација“, потенцираше Новак.

Србинот одново е на врвот на АТП листата, благодарение на лошата форма на Данил Медведев, кој замина на операција и во наредниот период ќе прави пауза.

Се вчитува...