Ѓоковиќ со жесток старт во Рим, го ’исчисти’ Долгополов за 57 минути

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше фуриозен старт на Мастерс турнирот во Рим. Тој во својот прв настап во „вечниот град“ го совлада Александар Доглополов со 2-0 во сетови (6-1, 6-3). Ѓоковиќ го комплетираше мечот за 57 минути.

По подолго време, Србинот потсети на своите поранешни денови, кога ги ’мелеше’ противниците. Го доби првиот сет експресно дозволувајќи му на Доглополов само еден гем, а потоа и во вториот беше сигурен. Во следното коло, Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Балди и Басилашвили.

Се вчитува...