Новак Ѓоковиќ со репрезентацијата на Србија ја совлада Грција со -1 во Дејвис купот во Белград. Новак најпрво победи во сингл мечот над Јоанис Ксилас (2-0), а подоцна Ѓоковиќ, во пар со Хамад Меџедовиќ, победи и во двојки (2-1).
На тој начин Ѓоковиќ го подобри севкупниот личен рекорд во Дејвис купот, бидејќи сега има 41 победа во сингл со осум порази. На тој начин Ѓоковиќ го остави зад себе Роџер Федерер, кој во текот на својата репрезентативна кариера 40 пати победи во сингл за Швајцарија во истото натпреварување, а доживеа и осум порази.
Федерер е нешто подобар во двојки, бидејќи има скор 12-10 во тоа натпреварување, додека Новак моментално има 5-8. Но, треба да се спомене и дека на тие резултати големо влијание имаше и Станислав Вавринка, кој често играше со Федерер во репрезентацијата.
Федерер во кариерата освои една „салатара“, исто како и Србија со Ѓоковиќ во 2010 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА