Ѓоковиќ за одлуката на Вимблдон: Лудост е политиката да се меша во спортот, знаеме што ни се случи во Србија во 1999. година

Новак Ѓоковиќ едвај го скрши отпорот на Ласло Ѓере и се пласираше во четвртфиналето на тенискиот турнир во Белград, каде денеска ќе има меч против уште еден сонародник. Светскиот рекет број еден по мечот говорел за неизвесниот меч и неверојатниот отпор кој го даде Ѓере, но покрај тоа што признал дека лесно можел и да загуби, дал свој коментар и за непопуларната одлука на Вимблдон.

Поради случувањата во Украина, водечките луѓе на Ол Ингланд клубот одлучија оваа година да им го забрани учеството на Вимблдон на руските и белоруските тенисери, епилог од кој не е задоволен Ѓоковиќ и покрај тоа што тој најмногу ќе профитира поради неиграњето на Данил Медведев.

„Секогаш ќе осудам војна, знам какви трауми остава тоа, го минав тој процес како дете. Ние знаеме што се случуваше во Србија во 1999-та година, народот секогаш страда. Но, не можам да ја поддржам одлуката на Вимблдон, мислам дека таа одлука се граничи со лудост. Кога политиката се меша во спортот, на крајот не испаѓа ништо добро, – вели Ѓоковиќ.

Се вчитува...