Гол од корнер – ремек дело на Мохамед Салах (ВИДЕО)

Мохамед Салах презентираше уште една мајсторија на теренот, овој пат во дресот на Египет на дуелот со Есватини (поранешен Свазиленд) во рамките на квалификациите за Африканскиот Куп.

Египет беше домаќин на овој меч и победи со 4-1. Сите четири гола домаќините ги постигнаа во првото полувреме, а последниот беше ремек дело на Салах.

Извонредниот напаѓач на Ливерпул го погоди противничкиот гол директно од корнер. Еве како изгледаше мајсторијата на Салах:

Се вчитува...