Гол-шоу на Интер за прво место во Серија А

Интер и понатаму игра во победнички ритам во Серија А, и со убедливиот триумф над Киево (5-0) на „Џузепе Меаца“ се искачи на првото место на табелата. „Нероаѕурите“ се единствениот тим во италијанската елита кој се уште е без пораз, а денеска го декласира Киево со надмоќна игра.

Иван Перишиќ беше човек на мечот, постигнувајќи хет – трик, а во листата на стрелците се запишаа и Мауро Икарди и Милан Шкрињар.

Фиорентина славеше убедливо против Сасуоло (3-0), со головите на Симеоне, Ветеро и Киеза. Болоња и Калјари ремизираа (1-1).

Се вчитува...