Голден Арт го совлада Вардар Неготино и со тоа го повлече со себе во ранг подолу

Ракометарите на Голден Арт славеа со убедливи 46-36 во денешниот меч од суперлигашкиот плеј-аут над екипата на Вардар Неготино и со тоа го повлекоа противникот заедно со себе во ранг подолу следната сезона.

Неготинци на две кола до крајот остануваат осум бода зад Куманово и работата во трката за опстанокот за нив е завршена.

Голден Арт ја оствари четвртата победа во разигрувањето откако денеска го имаше одличниот Шилегов кој постигна 11 гола. Кај гостите Орешков беше најпрецизен со 15 погодоци.

Се вчитува...