Голден Арт со ново засилување

Прволигашот Голден Арт КЛ7 продолжува со формирање на екипата со која скопскиот клуб се надева на експресно враќање во елитното ракометно друштво.

Ново име на Голден Арт од денеска е Никола Димитров, млад битолчанец кој потекнува од школата на Пелистер, а во изминатите години има настапи за екипите на Вардар, Работнички и Младост Богданци. Според потпишаниот договор, Димитров во следните две сезони ќе го носи дресот на Голден Арт КЛ7.

Изминатите две години Голден Арт КЛ7 е клуб од кој проникнаа голем број млади ракометари кои се промовираа во репрезенатитвци, обрнувајќи внимание на развој на млади ракометари, создавајќи услови на истите да го реализираат својот сон и да се етаблираат во сениорскиот ракомет. Токму поради тоа се одлучив да пристапам и со нетрпение го очекувам стартот на подготовките. Со тренерот Никола Матлиески има претходно искуство и очекувам добар тренажен процес и гледам можност за мој понатамошен развој“ – изјави Димитров по потпишување на договорот со новиот клуб.

Се вчитува...