Голден Стејт, конечно, заличи на шампион, Атланта повторно го совлада Милвоки

Голден Стејт Вориорс со совлада Сан Антонио со 132-95 и после серија на слаби резултати, конечно, фати победничка низа и во последните пет натпревари има четири победи. Едно време првакот беше во серија од пет порази едноподруго, а синоќа предводен од Џордан Пул кој уфрли 36 поени, конечно, заличи на шампионските денови.

Кари и другарите во ниту еден момент немаа проблеми околу победата. Губеа само во првите минути, а потоа откако го презедоа водството, само го зголемуваа до крајот на средбата. Сан Антонио држеше некоја разлика на крајот од првата и почетокот на втората четвртина, а потоа разликата стануваше двоцифрена и недостижна за „спарси“.

Атланта по вторпат оваа сезона ги совладаа Милвоки, овојпат како гости со 121-106. Од трите порази на „Бакси“ сезонава, два беа токму од Атланта. Јанис Адетокумбо не можеше сам без Мидлтон и Холидеј да направи чудо, а ривалот го искористи недостатокот на двајцата и дојде до убедлива победа од 121-106.

Мајами во неизвесна завршница со поените на Бем Адебајо славеше против Феникс со 113-112. Адебајо реализираше слободни фрлања на 30 секунди до крајот. Феникс имаше предност од 13 поени на осум минути пред крајот, но ја „прокоцкаа“ во завршните моменти.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Торонто 111-115
Орландо – Шарлот 105-112
Бостон – Оклахома 126-122
Мајами – Феникс 113-112
Хјустон – ЛА Клиперс 106-122
Милвоки – Атланта 106-121
Голден Стејт – Сан Антонио 132-95

Се вчитува...