Голден стејт се распадна без Стеф Кари – Минесота брутално се одмазди (ВИДЕО)

Кошаркарите на Минесота израмнија во полуфиналната серија од Западната конференција на НБА плејофот, откако во вториот натпревар ги победија Голден Стејт Вориорс со 117-93. Сега е 1-1 во серијата, која се сели во Оукленд, а во следните два натпревари „воините“ ќе имаат предност на домашен терен.

Голден Стејт не можеше без најдобриот играч Стеф Кари, кој ја повреди задната ложа на првиот натпревар пред два дена. Сè уште чекаме проценка на неговата состојба и кога ќе се врати на теренот. Дефинитивно е дека без него Вориорс не се истиот тим, што веќе се виде во првата четвртина во која постигнаа само 15 поени и веќе беа во „дебел“ дефицит.

Всушност, Минесота го отвори натпреварот со серија од 13-0 во првите пет минути и доби +17 веќе во првата четвртина. Подоцна, разликата беше повеќе од 20 поени во неколку наврати. Беше јасно дека ќе стигнат до својата прва победа во ова полуфинале.

Џулиус Рендл беше најдобар со 24 поени и 11 асистенции, додека Ентони Едвардс додаде 20 поени. Во тимот на Голден Стејт, Џонатан Каминг имаше 18 поени, Трејс Џексон-Дејвис 15 поени.

Натпреварот го одбележа и Дрејмонд Грин, кој повторно создаде хаос на теренот, поради слабоста на својот тим и себеси. Наз Рид го фаулираше, а потоа Грин го искористи лактот за да го исмее ривалот, што му донесе неспортски фаул. Реагираше многу бурно и речиси му се најде во лице на судијата Тони Брадерс, но за чудо не беше исклучен. Дури и Стеф Кари стана од клупата и се обиде да го смири Грин.

Се вчитува...