Голеада на „Олимпико“, Рома спаси бод против Аталанта

Рома успеа да стигне до реми (3-3) и да освои еден бод во голеадата против Аталанта на „Олимпико“. Хавиер Пасторе во втората минута постигна прекрасен погодок, но потоа Атачанта дури трипати ја тресеше мрежата на „волчицата“ до полувремето. Погодија Кастање и двапати Ригони.

Сепак, Флоренци и Манолас во вториот дел не дозволија Рома да загуби.

Се вчитува...