Голеада во Maјнц како вовед во 32. рунда во Бундеслигата (ВИДЕО)

Во натпревар со шест погодоци и  убав фудбал, Мајнц и Лајпциг ремизираа 3-3 во воведниот меч од 32. коло во Бундеслигата. Во првото полувреме гостите стигнаа до водство, со двата гола на Лукас Клостерман во 20. и 32 минута. Пред самиот финиш на полувремето на 1-2 намали Карим Онисиво. На самиот старт на вториот дел Тимо Вернер зголеми на 1-3 со голот во 49. минута. Со одлична игра до крајот на натпреварот домаќините успеаја да ја анулираат предност на Лајпциг со головите на Муса Никате во 67. и Жан Филип Матета во 83. минута.

Лајпциг е сигурен на третата позиција и следната година повторно ќе играат во Лигата на шампионите, додека Мајнц е 12. со 37 бода и далеку од опасната зона која следната сезона води во Бундеслига 2.

 

Се вчитува...