Голем гест – Фудбалерите на Реал Мадрид се откажаа од бонусите за освојувањето на Ла лига и Суперкупот

Реал Мадрид важи за еден од најбогатите клубови во светот, но пандемијата од коронавирусот остави последици и на „Сантијаго Бернабеу“. Поради тоа летово немаше довдедување на нови фудбалери, a беше продаден и голем број на фудбалери. „Кралевите“ заработија околу 100 милиони евра од продажба, а заштедија и на плати бидејќи голем дел од фудбалерите ги испратија и на позајмица.

Сепак и тоа не беше доволно бидејќи на помошта се приклучија и фудбалерите кои се уште се дел од кралскиот клуб. Како што пренесуваат шпанските медиуми секој играч се откажал од бонусот во вредност од милион евра како би му помогнале на клубот во тешкиот период.

Имено, фудбалерите предводени од капитенот Серхио Рамос одлучиле да се откажат од бонусите за освојување на Ла лига и Суперкупот, 700 илјади евра за титулата во Шпанија и уште 300 илјади евра за Суперкупот. Бидејќи ова го направија 25 фудбалери, Реал Мадрид благодарение на нив заштеди 25 милиони евра.

Се вчитува...