Голем гест: Ловрен го нуди својот хотел за погодените од земјотресот

Хрватска денеска е во шок по страшниот земјотрес кој ја погоди оваа земја. Епицентарот беше во Петриња, мал град во близина на Загреб, каде може да се забележат огромен број на урнати згради, а според првичните информации починато во земјотресот е и најмалку едно дете.

Бројни клубови и спортисти се јавуваат со зборови на поддршка, а меѓу првите со конкретна помош е фудбалерот Дејан Ловрен, кој го стави на располагање својот хотел во Хрватска за сместување на граѓаните на Петриња кои останаа без покрив на главата.

Ловрен преку својот официјален профил на инстаграм откри дека е подготвен да прими 16 семејства, нудејќи им помош во овие тешки моменти. Фантастичен гест на поранешниот фудбалер на Ливерпул, кој сега го носи дресот на Зенит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Lovren (@dejanlovren06)

Се вчитува...