Голем гест: Милан ги кани лекарите и медицинските сестри за мечот со Болоња

Раководството на Милан повлече прекрасен потег на стартот од новата сезона, повикувајќи ги медицинските лица од Милано да присуствуваат на вечерашниот натпревар против Болоња.

„Росонерите“ добија зелено светло да го отворат „Сан Сиро“ за 1.000 гледачи, а управата на клубот оцени дека најдобро ќе биде првиот меч на трибините да се најдат лекарите и медицинските сестри кои во изминатите шест месеци водеа беспоштедна битка за спасување на животите на илјадници граѓани.

„Раководството на Милан веќе ги поделило билетите на медицинскиот персонал во неколку клиники во градот. Ова е мал знак на благодарност кон оние кои се бореа и кои се уште се борат за спречување на заразата од Covid-19″, објавија италијанските медиуми.

 

Се вчитува...