Фенербахче направи огромен „кикс“ во новото коло од турскиот шампионат откако „сино-жолтите“ одиграа само 1-1 на домашен терен против Самсунспор. Ова беше дуел на кој Фенер важеш за огромен фаворит, но оваа улога не успеа да ја оправда на терен, освојувајќи само еден наместо посакуваните три бода.
А мечот почна одлично за домашниот тим, кој преку Кавечи на асистенција на Тадиќ рано поведе со 1-0. Един Џеко можеше да го реши прашањето на победникот уште во првото полувреме, но босанскиот ветеран промаши две стопроцентни шанси. Казната стигна во второто полувреме, кога Клинц директно од скратен корнер од 25 метри го изненади голманот Ливаковиќ.
Судиите не забележаа дека тоа е гол, но ВАР јасно покажа дека топката ја мина гол-линијата, по што Самсун заслужено стигна до израмнување и овие 1-1 ги задржа до самиот крај.
Фенербахче сега има три бода повеќе во однос на Галатасарај, но и меч повеќе во однос на големиот градски ривал кој вечерва му гостува на Трабзонспор во дербито на колото во турскиот шампионат.
🇹🇷 Goal: Emre Kılınç | Fenerbahçe 1-1 Samsunspor
Terrible mistae by Livakovichttps://t.co/0KnM9PJ9VG
— FootColic ⚽️ (@FootColic) January 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА