Голем кикс на Интер…, Лече одигра за Јувентус (ВИДЕО)

Интер не успеа да ја оправда големата фаворитска улога на гостувањето против Лече во 20. коло од Серија А, стигнувајќи само до реми од 1-1.

„Нераѕурите“ долго се мачеа на натпреварот, но некако успеаја да дојдат до предност со голот на Бастони во 72. минута.

 

Но, домашните по само пет минути игра успеаја да израмнат со голот на Манкосу.

 

И останатите два попладневни натпревари завршија без победник. Болоња ремизираше со Верона (1-1), а Бреша со Каљари (2-2).

Се вчитува...