Голем кикс на „кралевите“: Мајорка со „скалпот“ на Реал (ВИДЕО)

Голем кикс на Реал Мадрид во битката за шампионската титула. „Кралевите“ неочекувано загубија со 1-0 на гостувањето против Мајорка во 20. коло од Ла Лига.

Мајорка до победата дојде со автоголот на Фернандез уште во 13. минута од средбата. А, до крајот успеа да се одбрани пред налетите на фаворитот.

Реал Мадрид во 59. минута не реализираше и пенал за израмнување. Асенсио го промаши ударот од белата точка.

По овој пораз „кралевите“ останаа на негатива од пет бода зад Барселона, која има и натпревар помалку.

Се вчитува...