Голем „кикс“ на Мињоле – некои работи не се менуваат (видео)

Алисон Бекер се уште е на одмор по настапот на Копа Америка, а Симон Мињоле со својот настап против Спортинг само потврди зошто Клоп минатото лето плати богатство за да го донесе Бразилецот на „Енфилд“.

Белгискиот голман доби шанса како стартер против Спортинг, но веќе во 4. минута се посрамоти примајќи гол од триесетина метри откако ударот на Фернандеш одеше кон него, но Мињоле сепак дозволи топката да заврши во мрежата. Ова е само еден од низата „киксови“ што Белгиецот ги имаше на голот на Ливерпул во последните години, но и потврда зошто останатите клубови не испраќаат конкретни понуди за негов ангажман.

Ливерпул веднаш по примениот гол направи пресврт со головите на Ориги и Вајналдум, а конечните 2-2 ги постави Вендел.

 

Се вчитува...