Голем малер за Веспрем – клучен играч ќе паузира со месеци

Веспрем прескапо ја плати синоќешната победа над Кил откако беше утврдено дека повредата што Расмус Лауге ја заработи во второто полувреме од овој дерби-дуел е од посериозен карактер. Данецот мораше со помош од соиграчите да го напушти теренот, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за кинење на лигаментите во коленото.

Ова значи дека Лауге го очекува повеќемесечна пауза од ракометните терени, па големи се шансите дека оваа сезона е предвреме завршена за големиот ас.

„По мечот, врз Расмус Лауге беа извршени прегледи, по што беа земени мислења од неколку лекари. Јасно е дека станува збор за проблем со вкрстените лигаменти и неопходен ќе биде хируршки зафат. Операцијата ќе биде извршена во Данска, се надеваме дека ситуацијата со Covid-19 ќе овозможи Лауге да може што поскоро да отпатува во татковината. Му посакуваме што побрза рехабилитација“, се вели во клупското соопштение на Веспрем.

Се вчитува...