Голем пех: Буфон не брани за Јуве против Интер

Јувентус ќе биде значително ослабен за утрешното дерби против Интер откако беше обелоденето дека Џанлуиџи Буфон нема да биде во комбинација за настап против „нероаѕурите“.

Ветеранот не тренираше со остатокот од тимот во претходните три дена, па иако се очекуваше тој да се најде на голот, името на Буфон го нема на списокот на играчи на кои тренерот Алегри смета за овој суперзначаен дуел за неговиот тим.

Во отсуство на италијанскиот ас шанса на голот на „старата дама“ ќе добие Шчешни, а од останатите фудбалери отсустни се уште и дефанзивците Хеведес и Лихтштајнер.

Јувентус моментно е третопласиран на табелата во Серија А, со две бода заостанување зад лидерот Интер.

juve sostav inter

Се вчитува...