Голем пресврт: Барса го задржува и најдобриот пријател на Меси

Лионел Меси се премисли и реши да остане во Барселона, а денешниот ден е најава за уште еден голем пресврт. Овојпат тренерот Роланд Куман е тој што се премислува, и тоа околу иднината на Луис Суарез на „Камп Ноу“. Уругвајскиот ас беше првиот што беше повикан од Куман за да му биде кажано дека нема да се смета на неговите услуги, за што Суарез беше бесен на тренерот и на клупската управата.

Последните информации говорат дека холандскиот стратег во текот на денешниот ден повторно разговарал со Уругваецот, изненадувајќи го со пораката дека смета на неговите услуги за новата сезона. Барса се уште ја разгледува можноста за продажбата на овој фудбалер, но Куман јасно му ставил до знаење на Суарез дека ако тој остане, тој нема да биде изолиран од екипата, туку ќе атакува на место во првиот тим.

Луис Суарез ги има договорено личните услови со Јувентус, но трансферот не се реализира поради конфликтот што тој го има со Барселона. Имено, голгетерот има уште една година од договорот со Барса и не попушта во барањата ако веќе е непотребен, тогаш Барса да му ги исплати загарантираните 9 милиони евра пред да си замине. Каталонците немаат намера да ја платат оваа сума, па да го пуштат да си замине, увидувајќи дека ако веќе го исплатат Суарез, многу подобро би било да го задржат на „Камп Ноу“ до крајот на договорот.

Се вчитува...