Голем пресврт на Вест Хем за победа над Челси (ВИДЕО)

Денеска со дуелот Вест Хем – Челси, започнаа возбудувањата во Премиер-лигата. Првото полувреме не навестуваше дека домашниот тим ќе победи, со оглед дека „сините“ имаа водство од 1-2.

Добро стартуваше Челси и со голот на Силва поведе во 28. минута. Но, Ланцини врати со гол од пенал и донесе израмнување во 40. минута. Сепак, Маунт пред истекот на полувремето успеа да донесе предност за лондонскиот тим.

Во вториот дел сосема различна слика. Вест Хем жестоко нападна и успеа да израмни во 56. минута преку Боуен. Вест Хем имаше уште неколку шанси за водство, а му успеа на Масуаку во 87. минута за голем пресврт и победа во лондонската пресметка.

Се вчитува...