Австриската репрезентација се соочи со огромен проблем пред самиот старт на СП, откако од настап за мундијалот отпадна Криштоф Баумгартнер.
Одличниот напаѓач ја имаше својата најдобра сезона во дресот на Лајпциг, постигнуувајќи 17 гола и осум асистенции во Бундес-лигата, беше најавуван како главен адут на селекторот Ралф Рангник и стартен напаѓач на Австријците, но Баумгартнер заработи незгодна повреда на мускулот поради која нема да може да помогне на претстојниот мудијал.
„Ова секако е огромно разочарување за Криштоф, но и за сите нас во репрезентацијата. Тој е многу важен играч за нас, за жал денешните резултатите од прегледите беа разочарувачки, но Баумгартнер ја има поддршката од сите нас“, изјави селекторот Рангник.
Австрија е дел од групата Ј во која се наоѓаат уште и селекциите на Аргентина, Алжир и Јордан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
