Ханси Флик и Барселона скапо ја платија синоќешната победа над Астон Вила откако Родри заработи незгодна повреда поради која шпанскиот репрезентативец го очекува нова пауза од терените.
Одличниот плејмејкер имаше здравствени проблеми и пред дуелите со ПСЖ и со Реал Мадрид што Барса ги загуби, Родри не беше стартер во Париз, се чинеше дека состојбата во меѓувреме му е стабилизирана, но фактот дека самиот побара измена против Астон Вила е јасен знак дека екс-фудбалерот на Манчестер Сити е далеку од врвна физичка форма.
Проблемот е уште поголем ако се знае дека Барса в недела ја очекува уште еден тежок дерби дуел, гостување во Мадрид против Атлетико, меч што Родри речиси сигурно ќе го пропушти.
Барселона во моментов е на чело на табелата во Ла Лига со 30 бода, пред Атлетико со 28 и Реал Мадрид со 27 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
