Кошаркарскиот клуб Куманово е казнет со 30.000 денари поради однесувањето на своите навивачи и плукањето на судиите за време на натпреварот со Кожув што кумановци убедливо го добија.
Во најновиот билтен на МКФ се наведени и низа недостатоци од страна на КК Скопје при организацијата на домашниот натпревар со Куманово, за што актуелниот вицешампион ќе треба да плати 22.000 денари по најразлични основи, плус казните за техничките грешки на тренерот Петрески и на клупата на КК Скопје.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
